Иран се сомнева во посветеноста на Израел кон договорите за прекин на огнот и е подготвен да му даде остар одговор на Тел Авив доколку се повтори агресијата врз Техеран, изјави денес началникот на Генералштабот на иранските вооружени сили, генерал-мајор Абдулрахим Мусави, во разговор со саудискиот министер за одбрана Халед бин Салман. Мусави изјави дека Техеран не ја започнал војната, туку му одговорил на „агресорот“ со сета сила што ја има. ...
Иран во неделата изрази „сериозни сомнежи“ дека Израел ќе го почитува прекинот на огнот, кој е во сила од 24-ти јуни, по 12 дена војна меѓу двете земји. Израел започна масовни воздушни напади врз Иран на 13-ти јуни, при што загинаа врвни ирански воени функционери а беа ликвидирани сосе нивните семејства и научници поврзани со нуклеарната програма. Израел за нападите го наведе повеќедеценискиот изговор дека сака да го спречи Иран да развие ...