Екипата на МЗТ Скопје по 13. пат во својата историја успеа да го освои Купот на Македонија и тоа откако вечерва во салата „26 април“ во Гевгелија го совлада домаќинот Кожув со 86:61. Составот од скопски Аеродром одигра уште еден квалитетен, доминантен меч во кој не му дозволи на противникот да се надева на изненадување. Во претходните две „рунди“ МЗТ лесно се справи со Работнички и Пелистер, а денеска имаше апсолутна контрола на резултатот и ...

„Штрковите“ доминираа на турнирот во Гевгелија па сосема заслужено трета година по ред се радуваат на трофеј во Купот на Македонија. Вечерва во финалето, избраниците на Атанасов лесно го совладаа и Кожув со 86-61. Неизвесно беше само во првите неколку минути, кога Кожув имаше водство, но потоа МЗТ направи серија од 12-3 и стигнаа до опиплива предност (18-10). На стартот од втората четвртина, МЗТ стигна и до двоцифрена предност, а на пауза замина ...