Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска не планира да си поднесе оставка, по денешното барање на СДСМ по вчерашните навреди кон пратеничката Славјанка Петровска. На брифинг со медиумите, соопшти дека веќе изразила жалење на целиот контекст и смета дека народот има поважни теми од лажната тема која, како што вели, СДСМ ја создаваат за дефокус. -Никогаш немав да намера да навредам никого, напротив, тоа и самата го знае тоа, ама, вака ...

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска и денеска повтори дека изразува жалење за целиот контекст при настапот од собраниската говорница кој беше протолкуван како омаловажување на пратеничката Славјанка Петровска. – Во однос на ова прашање и вчера бев многу јасна, но еве денеска да го заокружиме и јас очекувам со ова за мене да биде затворено. Веќе изразив жалење за целиот контекст, но и самите сте свесни дека народот има поважни ...