На скопските улици утринава не може да се забележат гужви, што е вообичаено за било кој друг ден во неделата. За ова придонесе тоа што денеска е прогласен неработен ден за сите вработени во државната и јавната администрација на подрачјето на Град Скопје поради Министерскиот состанок на Организација за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ). Околу 1.000 члена на 76 делегации од 56 земји денеска и утре ќе учествуваат на Министерскиот состанок на ...

Вака изгледаат улиците во главниот град денеска. Тие се празни, не може да се забелажат вообичаените гужви кои ги има за време на работните денови. Скопје е невообичаено празно додека тече Министерскиот совет на ОБСЕ, најголемиот политички настан во Македонија. „Затворен за сообраќај ќе биде булеварот „Илинден“ од потегот кај Влада до трговскиот центар „Сити мол“ и булеварот „8 Септември“ од Партизанска до кружниот тек кај Момин поток, соопштија ...