Михаил Талевски е новата ѕвезда во мак – фудбалот. Со два гола во ова 32.финале во Купот на Македонија, со кои ја реши Струга ТЛ и беше најзаслужниот што Вардар по цели 18 години го освои пехарот во Купот на Македонија. По мечот тој не ја криеше радоста: “Среќен сум,пресреќен. Како прво што играв во ова големо финале, што ги постигнав двата гола. Секако дека сум пресреќен што за победата, и за тоа дека сум дел од овој ПОБЕДНИЧКИ Вардар“ истакна ...

Вардар повторно пишува историја. Во финалето од Купот на Македонија одиграно вечерва, „црвено-црните“ славеа со 2-0 над Струга Трим Лум, обезбедувајќи пехар и пласман во Европа – и тоа по драматична сезона во која се бореа за опстанок. Херој на финалето беше 19-годишниот Михаил Талевски, кој со два гола го донесе големиот трофеј во витрините на најтрофејниот македонски клуб. Првиот гол падна во 26 минута, по пробив на Јанкулов по десната страна. ...