Папата Франциск, духовниот лидер на Римокатоличката црква, почина денес на 88-годишна возраст. Папата вчера се појави пред верниците да им посака среќен Велигден, а утрово стигна веста за неговата смрт. Вчера беше во инвалидска колична кога се појави на балконот на базиликата Свети Петар и кратко рече „Среќен Велигден“. Потоа им отпоздрави со раката на собраните верници и беше поздравен со громогласен аплауз. Поради смртта на Папата, челниците ...
Донесена е одлука сите денешни натпревари од 33 коло во најквалитетната италијанска фудбалска лига да бидат одложени поради смртта на папата Франциск утрово. Препорачано – По смртта на Светиот Отец, Серија А објавува дека натпреварите закажани за денеска во првенствата на Серија А и Примавера 1 се одложени на неодредено време – се вели во соопштението на лигата. Одложените натпревари во Серија А се Торино – Удинезе, Каљари – Фиорентина, Џенова ...