„Изразивме задоволство од динамичната билатерална соработка и континуираниот политички дијалог на високо ниво, како и од широката секторска соработка и меѓусебната поддршка во различните мултилатерални формати. Потврдивме и дека во претстојниот период двете држави ќе продолжат посветено да работат на натамошно интензивирање на оваа соработка“, објави Муцунски на Фејсбук. Тој во објавата наведува дека го поздравиле одржувањето на петтата седница ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, учествуваше на Министерскиот совет на ОБСЕ во Виена, каде говореше за безбедносните предизвици и состојбите во Организацијата. Од Министерството информираат дека Муцунски ја реафирмирал посветеноста кон вредностите на ОБСЕ, укажувајќи на „сериозните реперкусии од агресијата на Руската Федерација врз Украина врз регионалната безбедност и сигурност“ и на поларизацијата и ...