Фудбалерите на Интер за забележаа и шесттата победа по ред во сите натпреварувања, односно осми меч по ред се без пораз, откако го совладаа Удинезе со 2-1 на домашен терен и му побегнаа на Наполи шест бода. Се чини дека Интер рано ја обезбеди победата со головите на Арнаутовиќ во 12-тата и на Фратези во 29-тата минута и до крајот требаше само рутински да одработи, но Солет во 71-вата минута намали на 2-1 и внесе неизвесност во финишот. Сепак, ...

Во дербито од 30. коло на италијанскиот фудбалски шампионат, Наполи го совлада Милан со 2:1, намалувајќи ја разликата зад водечкиот Интер на три бода. Домашните поведоа веќе во 2. минута со голот на Матео Политан, а Ромелу Лукаку во 19. минута ја удвои предноста на Наполитанците. Милан имаше шанса да се врати во живот во 69. минута од пенал откако Филип Билинг го собори Тео Ернандез во шеснаесетникот. Сантијаго Хименез шутираше од белата точка, ...