ЏАБИР ДЕРАЛА Поддршката на СДСМ за иницијативата на Левица за интерпелација на претседателот на собранието Африм Гаши ја постави партијата повеќе десно и од ВМРО-ДПМНЕ и од ЗНАМ. Политичкото сојузништво со Левица е, најблаго речено, кусогледо. Но не само тоа. Било каква иницијатива на една ваква (ултра десна) Левица за еден било каков СДСМ треба да биде неприфатлива опција. За жал, ортачењето со Левица конечно ги (ре)дефинира македонските ...
Со оваа и вакви политички одлуки и позиции, СДСМ може само да продолжи со (рас)паѓање. На социјалдемократите требаше да им биде јасно што се случува, дури и да немаа еден Фатмир Битиќи во своите редови, висок партиски функционер, пратеник и екс-вицепремиер од првите редови на СДСМ. Тој не гласаше за интерпелацијата, а причините, засновани на вредносни принципи – не ги криеше. И може кој сака да го опише тоа како „солидаризирање“ по етничка ...