На 23 август ќе започне новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, а веќе е познат и распоредот за истата. Повратникот во Втората македонска фудбалска лига, Слога од Виница сезоната ја отвара против Скопје со гостување во Автокоманда. Екипата на Слога Виница минатата сезона заврши на првото место во Трета лига – Исток, а во баражот го совлада тимот на Преспа и се врати во второлигашкото друштво. Тимот предводен од штипскиот тренер Емил ...

Веќе три недели второлигашот Слога Виница тренира во својот град и се подготвува за новата сезона. Клубот деновиве ги официјализира и првите засилувања. Нови имиња во редовите на второлигашот Слога Виница се Сухејб Рушити и Давид Дебрешлиоски. Тимот од Виница влегува во ВМФЛ со речиси ист тим од минатата сезона, со неколку заминувања од ростерот. Тренерот Емил Грнев ја има довербата од управата и ќе го води тимот во новиот предизвик. Кон првиот ...