Женскиот одбојкарски првак на Македонија Јанта Волеј синоќа во првиот натпревар од квалификациите од Лигата на шампионите постигна победа од 3:2 против шампионот на БиХ Гацко. Резултат по сетови: 25-21, 21-25, 25-22, 20-25, 18-16. Ова беше изедначен натпревар, а победникот беше решен по повеќе од два часа игра. Тимот на Јанта Волеј во текот на мечот успеваше да дојде до предност од 1:0 и 2:1 во сетови, но противникот успеваше да изедначи. Во ...

Наковски Волеј – Пелистер Волеј 3:2 (24:26, 20:25, 25:15, 25:18, 15:9) Одбојкарките на Пелистер Волеј од Битола, во рамките на третото коло од Првата одбојкарска лига на Македонија гостуваа кај минатогодишниот шампионот на Македонија, екипата на Наковски Волеј во Струмица и се поразени со 3:2 по сетови. Одбојкарските на Пелистер Волеј по два сета имаа предност од 0:2, а потоа домаќинот направи компкетен пресврт и дојде до победа, откако во ...

Кошаркарите на ГКК Охрид забележаа втора сезонска победа, совладувајќи го тимот на КК Младинец Скопје со убедливи 105 : 77 на домашен терен, во натпревар од 2 коло од Првата лига што се одигра во спортската сала „Билјанини Извори“. Од самиот почеток охриѓани го наметнаа својот ритам на игра и со брза транзиција и одличен тимски напад создадоа висока предност која ја задржаа до крајот на натпреварот. Со прецизен шут од далечина и цврста ...