Актерот Том Круз (62) влезе во Гинисовата книга на рекорди како личност со најмногу скокови со запален падобран. Том Круз го држи Гинисовиот рекорд за смелиот скок што го изведе во најновото продолжение од франшизата „Невозможна мисија“. Според Гинисовата книга на рекорди, Круз скокнал со запален падобран дури 16 пати. – Ниту еден друг актер или каскадер не се приближил до толку многу смртоносни скокови – според Гинисовата книга на рекорди. ...

Холивудскиот актер Том Круз повторно ги поместува границите. Благодарение на извонредните каскадерски потфати што ги изведе во филмот Mission: Impossible — The Final Reckoning, Круз официјално влезе во Гинисовата книга на рекорди за најмногу скокови со запален падобран – скокнал дури 16 пати. Неверојатниот трик е снимен во планините Дракенсберг во Јужна Африка, каде што Круз поминал недели подготвувајќи се со каскадери пред да скокне од висина ...