Власта попушти - измените на Законот за јавните набавки, наместо по скратена, сепак ќе се носат во редовна собраниска постапка. Со тоа се отвора можност за подлабока дискусија меѓу пратениците на седница, кога измените ќе бидат на дневен ред. Ова доаѓа откако утрово седумтемина пратеници од власта кои се предлагачи на измените, се сретнаа со првиот човек на Антикорупциска Татјана Димитровска. Договорено е во меѓувреме комисијата да изготви ...
Денес во Собранието, група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ остварија средба со делегација на ДКСК предводена од претседателката Татјана Димитровска. На состанокот, како што вели Антонио Милошоски – пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, се договриле измените на Законот за јавни набавки да оди по редовна, место по скратена постапка. – Тема на состанокот беа предложените измени во Законот за јавните набавки, за што во конструктивна атмосфера беа разменети мислења за ...