На 27.06.2025 во 14.35 часот полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го уапсиле Т.Б.(41) од Велес. При извршен претрес во неговиот дом, по претходно издадена судска наредба, биле пронајдени и одземени кафена прашкаста материја, 1624 семки канабис и остатоци од зелена растителна материја. Т.Б. е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде ...

На 29.06.2025 во 01.10 часот во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ф.В.(18) од с. Добрејци, струмичко. При преглед кај него била пронајдена марихуана, а потоа, врз основа на судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што во дворното место биле пронајдени 19 стебла канабис. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство ...