Македонските интернационалци немаа среќа во вечерашните европски натпревари откако Езгијан Алиоски и Стефан Ристовски не успеаја да ги минат пречките на гостински терен. Алиоски со Лугано во квалификациите за Лигата на Европа играше против Клуж, по 90 минути игра резултатот во Романија беше идентичен какоо и на првиот дуел (0-0), со тоа што Лугано имаше два поништени погодоци со ВАР. Клуж во продолженијата од два пати по 15 минути успеа да ...

Фудбалерите на Вардар беа надиграни од швајцарската Лозана и ја завршија својата авантура на европската сцена. Во реванш дуелот од второто квалификациско коло за Конференциската лига, Вардар загуби на гостувањето кај Лозана со 5-0. Вардарци во овој реваншот влегоа со гол предност, откако во Скопје славеа со 2:1 во првиот натпревар. Таа предност вардарци не само што ја загубија уште во првото полувреме, туку веќе имаа и негатива од два гола. Од ...