Денеска завршува осмата етапа од овогодинешниот ПМФЛ шампионат, а во попладневниот термин од 15:00 часот се среќаваат екипите на Башкими и Вардар односно Струга ТЛ и Пелистер. Во Куманово пред преполната трибина, домаќинот му создава проблеми на Вардар кој што не успеа во првиот дел да реализира. Азер Омерагиќ имаше добра ситуација кога од свртување биеше силно, но сантиметри над гредата, а по неколку минути и по нафрлувањето од лево со глава. ...
Нема голови на двата натпревари од 8. коло кои се играат денеска во Куманово и во Струга. Во Куманово на мечот помеѓу Башкими и Вардар во првите 45. минути се игра добар фудбал, со многу дуели, жестоки стартови, и со по една шанса на двете страни. Во 30. минута обидот на Омерагиќ заврши над голот на Јашар, додека најдобрата шанса во првиот дел ја имаше тимот на Башкими. По еден противнапад, Хаџиќ го проигра Симоновски, кој излезе сам пред голот ...