Земјоделците кои протестираат низ Грција покажуваат први знаци на поделби, откако дел од нив изразија подготвеност за дијалог со владата, додека други најавуваат дека ќе продолжат со блокадите на патиштата. Разликите стануваат видливи по состанокот на претставници од 18 блокади во Епаноми, близу Солун, на кој не присуствуваа големи групи земјоделци од Еврос, Килкис, Драма, Халкидона и Нисели. Продолжувајќи со протестите, блокадите предизвикаа ...
Грчките земјоделци и денеска продолжуваат со протестните блокади на граничниот премин Евзони, на границата со земјава, при што сообраќајот за сите возила е целосно во прекин во два термина во текот на денот. Забраната за влез и излез од Грција важи од 11 до 15 часот по македонско време и од 17 до 21 часот, информира дописничката на МИА од Атина. По четиридневна пауза за божиќните празници, земјоделците низ цела Грција повторно ги активираа ...

