Заврши првото полувреме од мечот од 2.коло во Лигата на Конференции меѓу Шкендија и Шелбурн и тоа со резултат 0:0. Се играше премногу резервирано, премногу тактика со ниту една сериозна шанса за гол, ако не ги сметаме заканите на Тамба и Зејнулаи, а Љатифи беше сам пред гостинскиот голман но направи фаул во напад. Ирците се покажаа како цврст противник кој знае што сака. Мбенг во неколку наврати опасно се закани, правеше проблеми по десната ...
Македонскиот фудбалски првак Шкендија го одигра првиот дуел пред својата публика во Конференциската лига на УЕФА и пред околу 3.000 гледачи на Арената „Тодор Проески“ успеа да слави против ирски Шелбурн (1-0). Ова е прва победа за тетовчани во натпреварувањето на УЕФА каде се дебитанти, како и за Македонија, пред вториот домашен дуел кој им следи со полска Јагјелонија во ноември. Првиот дел меѓу двата тима тргна доста претпазливо, иако се ...

