Барселона лесно го мина гостувањето на најголемиот остров во Шпанија и славеше со 0:3 против Мајорка, но победата беше лесна и поради фактот што домашниот тим остана со девет фудбалери уште во првиот дел. За да биде уште полошо за Мајорка, контроверзен беше и вториот гол кој го постигна Барселона, па по крајот на мечот, доста коментари предизвика токму оваа тема. Феран Торес погоди откако судијата се мислеше дали да ја прекине играта поради удар ...
Барселона имаше одличен старт во Ла Лига и победи со 0-3 на гостувањето кај Мајорка, но Ханси Флик воопшто не е задоволен од она што го виде на теренот. Противникот имаше двајца исклучени фудбалери, но „каталонците“ цело второ полувреме не можеа да постигнат погодок, се до последната минута кога Јамал со фантастичен удар ги постави конечните 0-3. „Освоивме три знајачни бода, но воопшто не ми се допаѓа како помина овој натпревар. После водството ...