Вечерва на свечена церемонија во Скопје беше отворен Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) Скопје 2025. Оваа церемонија која се одржа во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје го означи почетокот на седумдневниот спортски и културен спектакл, настан на кој учествуваат 49 делегации, плус тимот на бегалци под покровителство на ЕОК. Македонската делегација брои 203 члена, од кои 181 спортист. ЕМОФ Скопје 2025 ќе вклучува натпревари во 15 ...

Од вечерва нашата Македонија е центарот на младинскиот спорт во Европа. Вечерва со пригодна свеченост во салата „Јане Сандански“ беа отворени Игрите ЕМОФ 2025 кои во наредните седум дена ќе се одржат на спортски локации во Скопје и Куманово. Ова е Европски Младински Спортски Фестивал кој ќе биде убава можност да се промовира нашата земја во секој поглед, и не само спортски. Игрите за отворени ги прогласи Претседателката Гордана Силјановскa – ...