Ракометарите на Пролет се осамени на првото место во плејаут лигата откако вечерва во клучниот меч за врвот славеа над Прилеп со резултат 23-21. Скопскиот клуб беше без триумф на трите овосезонски средби со Прилеп (две реми и еден пораз), а оваа „црна серија„ вечерва ја прекина пред се благодарение на извонредното второ полувреме во кое Тинекс Пролет направи целосен пресврт и стигна до заслужена победа. Прилепчани имаат за што да жалат ако се ...

Ракометарите на Пролет го одбранија домашниот терен и се вратија на лидерската позиција во плеј-аутот од Суперлигата. Во последниот натпревар од осмото коло од битката за опстанок тимот од „Македонско сонце“ по пресврт го совлада жилавиот Прилеп со 23-21 и со тоа го симна Куманово од првата позиција на табелата. Првото полувреме од натпреварот во Скопје им припадна на прилепчани. Гостите поведоа уште од првата минута и кон средината на ...