Шпанските метеоролошки служби денес издадоа црвен метеоролошки аларм за регионот Каталонија и Валенсија поради обилни врнежи од дожд и бура, објавија локалните медиуми. Во Тарагона, во текот на попладнето наврнаа 53 литри дожд на квадратен метар, предизвикувајќи прекини во сообраќајот, објави агенцијата Ефе. Метеоролозите предупредија дека од денес до понеделник во регионот Валенсија може да наврнат 250 до 300 литри дожд на квадратен метар. ...

Натпреварот од седмото коло од шпанското фудбалско првенство помеѓу Валенсија и Реал Овиедо, закажан за вечерва (21:00 часот), е одложен поради предупредување за обилни дождови, објавија клубовите. Во шпанската покраина Валенсија е прогласен црвен метеоролошки аларм поради екстремни временски услови. Натпреварот е преместен за вторник (20:00 часот). Регионот Валенсија претрпе големи поплави минатиот октомври во кои загинаа повеќе од 200 луѓе, а ...