Државна стратегија и поголем поттик на фармерите за занимавање со живинарство, тоа според земјоделските здруженија е решение за сѐ поголемиот недостаток на јајца со кој се соочува Европа и регионот. Засега во земјава нема забележано недостаток, а цената со владините мерки е замрзната до 30 април. Сепак, големата побарувачка во странство може да предизвика зголемен извоз. На пазарот во Струмица денеска е врвулица. Пазарен ден е, па малите фармери ...

Министерството за економија и труд заедно со министерството за земјоделство будно ги следи состојбите со пазарот на конзумни јајца и засега нема потреба од грижа за недостиг. Доколку се укаже потреба, во краен случај, може да се забрани извоз на јајца, изјави заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески, одговарајќи на прашањето дали има реална загриженост од недостиг од јајца како што е во повеќето земји, токму пред Велигденските ...