Израелските сили денес, трет ден по ред, продолжуваат со нападите и рациите врз селото Ал-Мугаир североисточно од Рамала во окупираниот Западен Брег, објавија арапските медиуми. Заменик-претседателот на селскиот совет на Ал-Мугаир, Марзук Абу Наим, изјави за палестинската новинска агенција Вафа дека израелските сили извршиле рации во повеќе од 30 домови од утрово, со закани и провокации, објави Ал Џезира. Израелските војници уништиле возила на ...

Израелската армија нареди истрага за нападот врз болницата Насер во јужниот дел на Појасот Газа, во кој загинаа 19 лица, меѓу кои четворица новинари. Израелска армија „Израелската армија изврши напад во околината на болницата Насер во Кан Јунис. Началникот на ГШ нареди да се спроведе прелиминарна истрага што е можно побрзо. Армијата жали поради секоја штета нанесена врз поединци кои не се вмешани“. Инаку, четворица новинари од различни светски ...