Управата за цивилна заштита на кантонот Сараево ги предупреди граѓаните на нови врнежи и потенцијално невреме и да ги преземат неопходните превентивни мерки против високиот снег, ниските температури и мразот. Според прогнозите на Федералниот метеоролошки завод на Босна и Херцеговина, се очекува ново влошување на временските услови, придружено со врнежи од снег и ниски температури, кои ќе зафатат одредени области на земјата и кантонот Сараево, ...
Во Босна и Хервеговина без електрична енергија останаа околу 140.000 домаќинства, како и над 50.000 домаќинства во западниот дел на Република Српска. Електростопанство на БиХ соопшти дека ситуацијата е најтешка во Унско-санскиот кантон, Тузланскиот кантон и Зеничко-добојскиот кантон. Во Дрвар снегот достигна висина од два метра, а сите излези од градот се блокирани. Во БиХ веќе два дена паѓа снег, на Бјелашница измерени се 174 сантиметри снег, ...