Некогашниот македонски шампион Шкупи загуби од Анталијаспор со убедливи 1-6 во пријателски меч во Турција, занемарувајќи ги обвинувања кон раководството на клубот дека мести натпревари. Откако мечот помеѓу Шкупи и Арсими на 30-ти јули не се одигра зашто имало сомнеж дека клубот од Чаир ќе игра со деца и ќе загуби убедливо, Шкупи одигра 7+ против турскиот прволигаш. Наводно биле уплатени големи суми за пораз на Шкупи поголем од пет гола разлика. ...

На 30 јули требаше да се игра меч меѓу Шкупи и Арсими, но не се одигра откако противникот на чаирскиот тим дознал дека има големи уплати за пораз на клубот од Чаир со пет или повеќе разлика. Поради сомнежите кои ги имаат Арсими одбија да настапат, а потоа навивачката група на Шкупи, „Шверцери“ излезе со обвинувања против поранешни и сегашни функционери на клубот за местење на натпревари и користење на клубот за личен профит. Навивачите на Шкупи ...