Со победа над Наполи во големото дерби од 5. коло од италијанската Серија А фудбалерите на Милан се искачија на врвот на табелата во ова натпреварување, пред Наполи и Рома, кои имаат ист број бодови. „Росонерите“ им го нанесоа првиот пораз во сезоната на актуелните шампиони и покажаа дека кризата е зад нив, а тренерот Масимилиано Алегри не крие дека е задоволен од она што го покажаа неговите играчи. „Наполи е одличен тим и затоа овој успех е ...
Милано, 29 септември 2025 (МИА) – Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, е задоволен од изданието на неговите фудбалери во дербито на 5. коло од Серија А. Милан синоќа на свој терен го победи актуелниот шампион Наполи со 2:1 иако играше со фудбалер помалку речиси цело второ полувреме. - Среќен сум, ова беше важен тест против вешт противник. Игравме добро во првото полувреме, а во второто се браневме со десетмина. Сепак ова е само почеток. ...

