Денес, Македонската православна црква и верниците го слават споменот на Кирил и Методиј, кои се заслужни за ширењето на писменоста меѓу словенските народи. Денес е и државен празник – Ден на сесловенската писменост и култура. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во честитката по повод празникот истакна дека вредностите што ги претставуваат Кирил и Методиј - како што се мудроста, вербата, знаењето и единството - треба да бидат водилка во ...

Скопје, 24 мај 2025 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј во која порачува да се чува нивниот спомен и преку нивните дела да ја зацврстиме заложбата за градење на општество засновано на знаење, меѓусебно почитување и достоинство. - Овој ден е силен потсетник за трајната вредност на нивната мисија – вредност чии корени лежат длабоко во културата, знаењето ...