И после смената на генерација, македонската ракометна репрезентација и натаму се држи до традицијата – редовен пласман на големите натпреварувања. После речиси шест месеци и заверката на Европското првенство 2026 година, нашите најдобри ракометари денеска повторно се собраа во рамките на ЕХФ-недела посветена на националните тимови. Практично во следните седум дена „црвено-жолтите“ ќе стартуваат со подготвка за она што ќе следи во јануари. За ...

Македонија закажа два тест натпревари против Јапонија во овој октомвриски ЕХФ прозорец, а за време на првиот собир кој денеска го имаше репрезентацијата, своја изјава даде Филип Кузмановски. Капитенот на националниот тим во изминатиот период презема огромна одговорност како лидер на новата генерација, но како што вели самиот, младите ракометари се повеќе растат и препознава се поголем квалитет кај секој од нив. – После подолг период сме сите ...