Од 25 до 27 април во Центарот за култура „Григор Прличев“ – Охрид и Europe House Струга ќе се одржи групната меѓународна изложба „Периферии“. Како што информираат организаторите, оваа изложба настанала за време на триесетдневната резиденција на осуммина меѓународни уметници кои престојувале во Охрид како дел од проектот „ПРОСПЕР: ПРОтотип за одржливи резиденции на ПЕРиферии“. Идејата на резиденцијата била да се инспирираат уметниците да ...
Идејата на резиденцијата беше да се инспирираат уметниците да пронајдат врски помеѓу нивната авторска практика и кревката околина на Охридско Езеро и неговите жители. Своите согледувања и инспирации тие ги изразија преку создавање: фотографии, скулптури, композиции, поеми и интервенции на пронајдени предмети. Траги од нивното креативно истражување се изложени во рамките на групната изложба – велат од „Перипетија продукција“. На изложбата може да ...