Актуелниот италијански шампион Наполи издвојува тешка победа над Пиза од 3-2 во вечерашниот натпревар во Серија А. Четата на Конте ја имаше улогата на апсолутен фаворит на овој натпревар, но мораше да се препоти за да дојде до посакуваниот резултат за „четири од четири“ во Калчото. Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас беше стартер и погоди во првото полувреме, меѓутоа голот му беше поништен затоа што претходно во недозволена ситуација бил ...
Неапол, 22 септември 2025 (МИА) – Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас се најде вечерва во почетниот состав на Наполи на дуелот против Пиза од 4. коло во Серија А во кој актуелниот италијански шампион запиша победа од 3-2. Елмас одигра 58 минути пред да биде заменет со Камерунецот Франк Ангуиса. Македонскиот фудбалер во 27 минута постигна гол, кој беше поништен поради офсајд. Наполи ја обезбеди победата со головите на Гилмор (39), ...

