Синоќа во Битола бил запален автомобил во сопственост на полицаец, дознава 4NEWS.mk од полициски извори. Според првичните информации, возилото било паркирано пред домот на сопственикот кога зафатила пожар, кој целосно го зафатил предниот дел од автомобилот. Екипи на Противпожарната единица Битола интервенирале и го изгаснале пожарот, а полицијата извршила увид на местото на настанот. Се работи на утврдување на причините за пожарот, како и дали ...

Денес од МВР за Инфомакс потврдија, дека на ден 14.08.2025 околу 02:10 часот во СВР Битола било пријавено дека на улица „Раштанска” во Битола настанал пожар во паркирано патничко возило „фиат добло” со битолски регистарски ознаки, сопственост на З.М (54) од Битола. Екипа на ТППЕ го изгаснала пожарот, а увид на местото на настанот е извршен од страна на ОКТУПА СВР Битола. Инфомакс пренесува дека опожареното возило е на полициски службеник од СВР ...