Главна тема во НБА лигата повторно се Никола Јокиќ и Лука Дончиќ поради нивните неверојатни настапи на синоќешните натпревари. Денвер нагетс на домашен терен ги победија Мемфис гризлис со 117-109, а најдобар стрелец беше Гордон со 33 поени. Сепак, сите зборуваат за настапот на Јокиќ, кој повторно забележа трипл-дабл учинок. Српскиот кошаркар натпреварот го заврши со 26 поени, 16 скока и 13 асистенции и е првиот центар во историјата на НБА ...
Кошаркарите на ЛА Лејкерс забележаа нова победа, совладуваќи го Хјустон со преубедливи 140-109. Победата која ја одбележа доминацијата на Лука Дончиќ кој постигна 39 поени го осигра третото место на табелата во пресрет плеј-офот, но навивачите имаат причина за загриженост бидејќи се повреди Леброн Џејмс. Фантастичниот американски кошаркар одигра само 22 минути на натпреварот по што мораше да излезе од игра поради повреда на препони во третата ...