Позната битолска очна докторка денеска е уапсена на своето работно место во Клиничката болница во Битола, откако од пациент примила пари за лекарска услуга. Настанот е потврден од полицијата, а од Обвинителството најавуваат повеќе информации за утре. Министерството за здравство преку соопштение ја осуди корупцијата во здравствениот систем и информираше дека веднаш е иницирана постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на лекарката. Од ...

Очна докторка од ЈЗУ Клиничка болница „Др. Трифун Пановски“ побарала поткуп од 100 евра (околу 6 илјади денари) за да изврши интервенција, јавува Сител телевизија. Според информациите, ова не е прв пат истата докторка да побара пари од истата пациентка. Пациентката отишла да закаже операција кога и било побаран поткупот, по што отишла во полиција од каде и биле дадени обележани пари, а денеска при носење на поткупот, докторката била уапсена. ...