Масовно да се излезе на изборите в недела, повика вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од митингот во општина Гази Баба, на кој побара поддршка за втор градоначачнички мандат за Бобан Стефановски, како и за Орце Ѓорѓиевски за прв човек на град Скопје. – Клучот на изборите е во излезеноста. Излезете и гласајте бидејќи само така ќе се брои вашиот глас. Победата мора да биде историски голема за да испратиме порака дека сите сме ...

Kлучот на овие избори е во излезноста. Се обраќам до неопределените и оние кои сè уште се двоумат. Сме поминале секакви историски премрежија, транзиции, приватизации, конфликти. Вашиот глас сега ѝ е потребен на Македонија и за иднината на вашите деца. Седењето на страна ќе им помогне на оние кои Македонија ја сакаат слаба и подложна на секакви влијанија, истакна лидерот Мицкоски на крајот на завршниот митинг во Охрид. Сакаат да ја држат уценета ...