Тренерот на Шкендија, Јетон Беќири, заедно со капитенот Бесарт Ибраими, се обратија на официјалната прес-конференција пред вечерашниот натпревар против ТНС во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите. „Целосно сме подготвени за предизвикот што нѐ очекува. Од самиот почеток на подготовките работевме со сериозен пристап и целосна посветеност. Сигурен сум дека играчите ќе дадат сè од себе. Направивме детална анализа на противникот. Иако ...

Без голови заврши првиот натпревар во првото квалификациско коло во фудбалската Лига на шампиони. Екипата на Шкендија одигра нерешено, 0:0, на гостувањето против екипата ТНС во Велс, Велика Британија. Шкендија беше рамноправен ривал на ТНС. Во најголем дел од мечот топката беше кај нив, имаа неколку нереализирани можности, но не успеаја да најдат простор за гол и по продолжението од четири минути. Судија на натпреварот беше Ирецот Роб Хенеси. ...