Второто полувреме од дербито меѓу Јувентус и Милан во Торино започна спектакуларно и малку фалеше двете мрежи да бидат затресени за краток период. По само две минути игра во продолжението, гостинскиот голман Мањан со страшен рефлекс му одбрани зицер на Гати и со сочува својот гол. Само пет минути подоцна Милан ја имаше најголемата шанса за отворање на резултатот. Пулишиќ ја намести топката на белата точка, но се посрамоти, откако топката заврши ...
Јувентус и Милан одиграа дерби без голови со најнепопуларниот резултат, но натпреварот беше далеку од досаден и вистинско чудо е како не видовме барем два или три погодоци. Големите ривали влегоа во пресметката со големи амбиции да им се придружат на водечките на табелата, но по конечните 0:0, слободно може да се каже дека позадволен тим може да биде Јувентус. Иако домашниот тим ја имаше првата стопроцентна шанса во второто полувреме, Милан беше ...