Песна во чест на загинатите во кочанската дискотетка објави музичарот Коста Митрески од Охрид, кој денес ја достави и до М-Нет телевизија. Песната тој ја напишал како личен израз на болка, но и надеж дека истата ќе допре до срцата на многумина. Длабоко потресен од денот на трагедијата, во изминативе денови, тој решил да создаде дело, по кое Македонија ќе се присетува на прерано и невино загинатите животи. Истата е напишана на англиски јазик и во ...

Охрид, 1. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓанецот Коста Митрески ја објави песната „Take me where they fly“, во чест на 59-те загинати лица во дискотеката „Пулс“ во Кочани. – Како и сите во земјата, длабоко ме потресе трагедијата што се случи на 16-ти март во Кочани. Во обид да се соочам со тагата и молкот што владееше низ цела Македонија, ја напишав оваа песна, како личен израз на болка, но и надеж дека ќе допре до срцата на многумина, порача ...