Со знаење, со искрена желба, со многу поддржувачи, со многу љубов и човечки однос, постигнавме многу, за да денес со чист образ и нова Програма, ја бараме поддршката за Центар што го сакаме!. Ова вчера го порача кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ Горан Герасимовски. Тој потенцираше дека во Центар се обновуваат улиците и маалата. Со нови улици, паметно осветлување, со модерни детски игралишта, со нова урбана опрема. ...

„И во наредните години ја ставаме животната средина и грижата за хигиената на прво место. Со набавка на две современи цистерни и пет нови метларки, значително го зголемуваме капацитетот за одржување на хигиената на територијата на општината. Повеќе нема да зависиме од градот и јавното комунално претпријатие“. Ова вчера го најави кандидатот за градоначалник и актуелен татко на Општина Центар Горан Герасимовски на отворањето на промотивниот ...

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од СДСМ, Горан Герасимовски, најави модернизација на над 30 улици, пјацети и маалски простори и создавање на околу 1.000 нови паркинг места, со цел приоритизација на станарите и подобра урбана функционалност. Тој порача дека Центар ќе стане прва општина без дрвени бандери и висечки кабли, со повеќе зелени оази и паметно јавно осветлување; дел од Дебар Маало би се затворил за сообраќај за „ред и ...