Охридското Езеро е жртва на се поголемо загадување но и истребување на живиот свет во него велат од научната фела. Она што уште повеќе загрижува додаваат е тоа што никој не презема ништо,се реагира само тогаш кога нештото ќе биде изгубено. И претседателката Силјановска Давкова изразува загриженост за состојбата на природното и културното наследство. Според неа за суштинска заштита е потребен посебен закон за Охрид и регионот. Во моментов ...

Охрид, 4. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Со свечена академија денеска се одбележа 90-годишнината од основањето на Хидробиолошкиот завод – Охрид, најстарата македонска научно-истражувачка институција, формирана во 1935 година од академикот Синиша Станковиќ. Директорката на ЈНУ Хидробиолошки завод Охрид, Орхидеја Тасевска во своето обраќање зборуваше за развојот на заводот и истакна прерасна во институција организирана по углед на две многу познати ...