Селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски, денеска го објави списокот на повикани играчи за септемвриските натпревари против Саудиска Арабија и Лихтенштајн. Селекторот Милевски за овој собир повика 26 играчи, меѓу кои двајца дебитанти. Првиот е оној за кој чаршијата веќе зборуваше - 22-годишниот Решат Рамадани од Шкендија, кој игра во дефанзивната средина. За Шкендија летово ги одигра сите минути во европските квалификации. ...

Македонската фудбалска репрезентација во септември ќе одигра еден пријателски и еден квалификациски натпревар, а селекторот Благоја Милевски денеска го објави списокот на фудбалери кои ќе бидат во комбинација за настап. Решат Рамадани од редовите на шампионот Шкендија и Елмин Растодер од швајцарски Тун се двајца дебитанти, кои ќе се надеваат на свој прв настап во националниот тим, додека останатите фудбалери се репрезентативци кои најчесто се во ...