Министерот за здравство Азир Алиу најави дека „Мој термин“ ќе се надградува и ќе биде од корист на докторите кои ќе издаваат лекарски уверенија. Во системот електронски се евидентираат лекарските уверенија за општа здравствена способност, за засновање работен однос, за психофизичка способност за управување со моторно возило, трактор и работна машина, како и прегледи за здравствена состојба за поседување и носење оружје. Лекарите од Трудова ...

Министерот за здравство и ги одзеде ингеренциите на Стоматолошката комора. Од денеска надлежностите за лиценцирање ги презема министерството. Азир Алиу тврди дека има документи кои покажуваат сериозни пропусти во работењето на Комората. Според неговите информации биле менувани неподобните делегати со други членови, а имало и сомнежи за финансиски криминал. - Се вршеле едукации преку нерегистрирани здруженија и сертификати кои неправилно се ...