Три деца на возраст од три, седум и девет години загинаа во пожар што синоќа ја зафати нивната семејна куќа во ромската населба Куршанец кај Чаковец, соопшти хрватската полиција. Според првичните информации, пожарот избувнал околу 22:30 часот во поткровјето на куќата. Во моментот на пожарот, мајката (25) и таткото (29) успеале да излезат од куќата, при што жената го изнела и бебето родено минатата година. Таа и детето се пренесени во болницата ...

Пожар предизвикан од отпад во пластична канта во близина на дрвени скали се прошири на покривот и внатрешноста на семејна куќа во ромската населба Куршанец кај Чаковец, при што загинаа три мали деца, извести вчера полицијата. Според неофицијални информации, пожарот можел да го предизвикал врела пепел или запалена цигара. Од полицијата за ХРТ потврдија дека нема елементи на кривично дело бидејќи се работи за несреќен случај и нема да биде ...