Вардар и Црвена Звезда играат хуманитарен натпревар во чест на настраданите од трагедијата во Кочани, а дел од овој настан се и легендите на двата клуба, играчи кои имаат оставена трага во македонскиот и српскиот великан. На едно место беа многу познати имиња, имиња кои тежат, односо во дресови на Вардар и Звезда продефилираа асови како Димитровски, Валески, Јовановски, Бабунски, Бошковски, Тодоровски, Станојковиќ, Попов, Канатларовски, Петровиќ ...

Дуелот меѓу Вардар и Црвена Звезда разбуди многу спомени. Пред се кај постарите љубители на „екс-ју“ лигата. По повод хуманитарниот меч, во Скопје дојдоа бројни легенди на српскиот клуб, а исто така присуствуваа и десет вардарови легенди. Во името на Вардар, присутни беа Кочо Димтривски, Ѓоре Јовановски, Цоле Урошевиќ, Боби Бабунски, Сашо Тодоровски, Вујо Станојковиќ, Илија Најдоски, Ванчо Балевски и Зоран Бошковски - Чоко. Кај Црвена Звезда ...