„Денес најавувам и нов чекор. После оваа петиција, ќе излеземе во Собранието и ќе бараме изгласување резолуција за ова да го запреме. Тоа ќе биде вториот чекор“, рече Филипче, образложувајќи зошто е потребно Собранието да реагира и да донесе одлука во интерес на државата. Според него, земјава не може да се справи со наплив на мигранти и не може економски да издржи таков товар, и ги повика и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ја прифатат резолуцијата. ...
Собранието, а не општините, мора да одлучува за прашањето со мигрантите, соопшти денеска СДСМ, оценувајќи дека премиерот Христијан Мицкоски со денови одбива јасно да одговори дали ќе ја потпише предложената резолуција со која, како што наведуваат, треба да им се гарантира на граѓаните дека во Македонија нема да има прифаќање мигранти за пари. Од СДСМ наведуваат дека наместо директен одговор, Мицкоски најавува локални иницијативи преку ...

