Уметничката порака на свеченото отворање на најпрестижниот културен настан во нашата земја, „Охридско лето“, што започна синоќа во Охрид, годинава ја пренесе првенецот на Македонскиот народен театар – Скопје, актерот и режисер Ѓорѓи Јолевски. Во инспиративниот говор, тој меѓу другото рече дека „во свет на војни, уметноста не е луксуз — таа е нужност“, како и дека „улогата на уметникот не е да решава проблеми, туку правилно да ги поставува“. Во ...

Да се отвори фестивал како што е „Охридско лето“ дефинитивно е чин на пркос. Во свет каде што сè се мери – едноставно, уметноста не може. Вечерва сме овде, во прекрасниот антички театар во Охрид, поради нешто што не може да се купи, ниту пак да се измери. А тоа е Присуството. Доживувањето. Смислата – макар и за миг, кажа првенецот на Македонскиот народен театар (МНТ), актерот Ѓорѓи Јолевски во уметничната порака на свеченото отворање на ...