Народната банка очекува годинава да се остварат нејзините октомвриски прогнози за економски раст од 3,3%, кој би достигнал 4% на среден рок. Инфлацијата годинава се очекува да изнесува 2,5% додека на среден рок таа постепено да се нормализирање на 2%. Ваквите прогнози банката ги темели на очекувањата за поповолно надворешно окружување, поволен амбиент за странски и домашни инвестиции и позитивен придонес од започнатите инфраструктурни проекти. ...
Советот на Народната банка на својата последна седница, одржана на четврти февруари годинава, го усвои Кварталниот извештај, во кој се заклучува дека макроекономските движења беа главно во согласност со октомвриските проекции на Народната банка. Инфлацијата и натаму се намалува, економијата и натаму постепено закрепнува, а девизните резерви остварија солиден раст. Но, ризиците сѐ уште постојат. Во Извештајот се наведува дека глобалната економија ...