Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите проговори и за најавата на првиот вицепремиер Изет Меџити дека за една година на власт ќе се вработат до 2-3 илјади Албанци во јавната администрација. Како што вели, додека е он премиер, нема да има таква работа. „Нема таква работа, ниту пак ќе има додека сум јас претседател на македонската Влада. Ќе се вработуваат и добро е да се вработуваат луѓе кои ќе бидат компетентни и кои ќе ...

„Изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека секој можел да прави списоци за вработување е јасна потврда дека списоци за робусно вдомување на 3.000 партиски војници постојат“, велат од СДСМ. „Се потврдуваат намерите со скандалозната најава на Меџити за историски најголема партизацијата на јавната администрација. Очигледно има веќе подготвени списоци со имиња на „подобните“ партиски кадри, кои треба да се вдомат во јавниот сектор. Прашањето е ...