Женскиот ракометен клуб Ѓорче Петров потврди два важни потписи за следната сезона. Нови договори добија ракометарките од Гвинеја, Санкон Кадиату и Мацире Камара. Двете девојки кои беа дел од шампионскиот тим кој минатата сезона ги обедини трофеите во мак-ракометот остануваат дел од ѓорчепетровки. Кадиату има 20 години и игра на десната крилна позиција, додека Камара е десен бек и е една година помлада. Тие се надоврзаа на плејадата девојки кои ...
Екипата на Ѓорче Петров продолжува да влече потези, а најновиот носи продолжување на соработката со двете интернационални од Африка, Санкон Кадиату и Камара Мацире. Ракометарките кои доаѓаат од Гвинеја беа дел од составот на „лавиците“ кој минатата сезона ги освои првенството и Купот на Македонија. Кадиату игра на позицијата десно крило, додека Камара на десната бековска позиција. Претходно нови договори добија и Флавија Габина, Милица Николиќ, ...