Страшна глетка ги дочека истражните органи утрово во скопската населба Гази Баба. При вршење на увид на местото каде синоќа избувна голем пожар во магацински простории, пронајдено е безживотно, опожарено тело на машко лице. Според информациите од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје, пожарот бил пријавен синоќа (13.12.2025) во 21:29 часот. Пламените јазици зафатиле два магацини лоцирани во кругот на фабрика. Сопственик на опожарените ...
Вчера во 21:29 часот во СВР Скопје е пријавено дека во круг на фабрика на подрачјето на Гази Баба во Скопје настанал пожар на два магацини, сопственост на М.Р.(46), кои ги изнајмил на други лица. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат. Денеска (14.12.2025), за време на вршење на увидот, во еден од објектите, кој под наем го користи М.А. од Скопје, пронајдено е опожарено тело на машко лице. Се преземаат мерки за ...

